Кошаркарите на Барселона во полуфиналето на Евролигата беа подобри од миланска Олимпија, а турски Ефес за борбата за златото се избори по триумфот над московска ЦСКА. Утре од 20.30 часот е игра финалниот меч.
Денеска на прес-конференцијата говореше меѓудругите и ветеранот, По Гасол кој по НБА авантурата се врати во Барса.
„Коби играше најдобро што е можно во секој момент. Тој секогаш беше свој, до последниот меч. Јас се трудам да бидам јас, но во исто време и да го одработам она што морам, да му помогнам на тренерот и на соиграчите. Тоа е се што сакам. Тој за мене (Коби Брајант) е најголемиот на сите времиња, се надевам дека ќе ме гледа“ рече Гасол кој во богатата кариера се уште нема трофеј од Евролигата.