Гвардиола најави заминување од Сити во 2023

Гвардиола најави заминување од Сити во 2023

пред 3 години

Истиот ден кога му се „урнаа“ надежите да го донесе Хери Кејн на „Етихад“, Пеп Гвардиола откри дека најверојато ќе си замине од Манчестер сити по крајот на договорот во 2023 година, бидејќи ќе му биде потребна „пауза“, а исто така има амбиции да стане селектор.

Каталонецот потпиша двегодишно продолжување на договорот во ноември 2020 година, што значи дека до 2023 ќе има седум години престој во Премиер лигата, најдолго во неговата кариера – си заминуваше од Барселона и Баерн Минхен по четири, односно три одиграни сезони.

„Следен чекор ќе биде репрезентација, ако постои шанса. Интернационалниот фудбал е следниот чекор. Ќе ми биде потребна пауза по седум години, да сопрам, да гледам, да учам од други тренери. Би сакал да бидам тренер на Европските првенства, Копа Америка, Светско првенство. Бразил? Зошто да не. Веќе сум работел со многу Бразилци и сум се натпреварувал против нив. Бразил секогаш е фаворит за трофеи“, вели Гвардиола за бразилскиот весник „О Глобо“.

Share
Scroll to Top