Манчестер сити дефинитивно ќе го одбележи јануарскиот преоден рок. Медиумите открија дека Омар Мармуш ќе биде третото засилување оваа зима. Според овие извори детали го делат репрезентативецот на Египет од прселба на „Етихад“.
Флоријан Плетенберг откри дека Сити нуди 70 милиони, Ајнтрахт бара 80, па сигурно е дека „граѓаните“ ќе понудат дополнителни бонуси за затворање на зделката во следните 48 часа.
Тој додава дека сигурно е дека Мармуш нема да биде во составот на Ајнтрахт за дуелот со Борусија Дортмунд и дека до викендот би можел да слета во Манчестер на лекарски прегледи и потпишување договор до 2029 година.
Фабрицио Романо потсетува дека во следните 48 часа ќе потпише и Абдукодир Хусанов, веднаш штом добие работна дозвола, а по него е Витор Реис од Палмеирас.
Сити за Хусанов на Ленс ќе му плати 40 милиони евра, а исто толку на Палмеирас за Реис.
Гвардиола ќе добие млади дефанзивци на возраст од 19 и 20 години и очекува тој да се обиде да го игра Бразилецот како десен бек или десен стопер во формација со тројца централни дефанзивци.
Манчестер сити за овие три трансфери ќе издвои 150 милиони евра.