Грегор Шлиренцауер (31) еден од најдобрите ски-скокачи во историјата, донесе одлука да се пензионира. Австриецот ја заврши кариерата поради неколкуте тешки повреди на коленото.
Шлиренцауер со 53 победи во кариерата е апсолутен рекордер во Светскиот куп. Два пати во кариерата победил во генералниот пласман, два пати ја освоил и турнејата „Четири скокалници“. Најдобар ски-скокач бил во 2006 и 2014 година.
Австриецот освоил четири медали на Зимските олимписки игри (три во Ванкувер во 2010 и една во Сочи во 2014 година.
На светските првенства освил 17 медали, 10 од нив се златни.