Давид Бабунски раскина со Ботошани

Давид Бабунски раскина со Ботошани

пред 4 години

Давид Бабунски и фудбалскиот клуб Ботошани ја прекинаа соработката. Бабунски замина од клубот шест месеци пред истекот на договорот. Македонскиот интернационалец, во март се врати во Европа од Јапонија.

Бабунски, за Ботошани настапи на седум натпревари и тоа на самиот почетокот од сезоната. Откако се зарази со корона-вирусот, на теренот бил само девет минути на натпреварот со Крајова.

Се претпоставува дека поради малата минутажа, тој решил да замине од Ботошани.

Share
Scroll to Top