Данска ја прегази Црна Гора за втора рунда

Данска ја прегази Црна Гора за втора рунда

пред 5 месеци

Домаќините на Европското првенство во ракомет, Данска стигнаа до убедлива 28:19 победа над Црна Гора во второто коло, за заедно со Франција да обезбедат пласман во следната рунда на шампионатот, додека Црногорките ќе се борат со Словенија за третото место.

Црногорките по тесниот пораз од Франција во првото коло, имаа солидно прво полувреме во кое ја оддржаа разликата достижна (13:11), во второто полувреме тимот на селекторот Ким Расмусен се распадна против неговата матична земја, губејќи со 7:0 од 34. до 52. минута од мечот, период во кој голманката Сандра Тофт имаше пет одбрани (на крајот мечот го заврши со 11 одбрани).

Ларке Педерсен, Миа Бидструп и Трине Јенсен имаа по четири гола за разиграните Данки, додека кај Црна Гора, Ема Рамушовиќ и Јованка Радичевиќ постигнаа исто така по четири гола.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО, 2.КОЛО

ГРУПА А

Словенија – Франција 17:27 (6:12)

Данска – Црна Гора 28:19 (13:11)

Share

AnimeFreak animefreak my hero academia: Black Clover (Dub) Episode 151

AnimeDao animedao jojo: Watch JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable Episode 8 (https://animedao.nl/m/9Q9/ep-8)

Scroll to Top