Де Лихт одбил да се вакцинира: Јас сум господар на своето тело!

Де Лихт одбил да се вакцинира: Јас сум господар на своето тело!

пред 3 години

Дефанзивецот Матијс де Лихт на подготовките на репрезентацијата на Холандија за ЕУРО 2020 открива дека нема да се вакцинира против Ковид 19.

„Вакцинирањето не е обврзо и јас нема да се вакцинирам. Сметам дека секој треба да биде господар на своето тело. Ризик од зараза секогаш постои, јас настојувам да сум што е можно помалку во контакт со луѓе кои се надвор од репрезентацијата“ вели Де Лихт.

Стоперот на Јувентус наводно не е единствениот со вакво разислување. Селекторот на „лалињата“ Франк де Бур во средата рече дека неколку холандски репрезентативци одбиваат вакцинирање.

Медиумите во Холандија погодуваат дека се работи за напаѓачот од Волфсбург, Вегхорс, но и ѕвездата на Лион, Мемфис Депај.

Холандија на ЕП е во групата Ц со Македонија, Украина и Австрија.

Share
Scroll to Top