Интернационалната џудо федерација им изрече жестоки казни на Алжирецот Фетхи Нурини и неговиот тренер. Нурини, на Олимписките игри во Токио одби да се бори против израелски репрезентативец.
Нурини во категоријата до 73 килограми, во четврт-финалето, за противник го доби Тохар Батбул, но одби да се бори.
„Многу труд вложивме да дојдеме на Игрите, а потоа не шокира оваа вест. Мојата одлука е конечна, не сакам да си ги валкам рацете“, изјави Нурини пред 40 дена, објаснувајќи дека со оваа одлука сака да им даде политичка поддршка на Палестинците.
Интернационалната џудо федерација на Нурини и неговиот тренер им изрече 10-годишна забрана за настап на меѓународните натпреварувања. Нурини има 30 години, што значи дека ова може да претставува крај на неговата кариера.
Оваа одлука Нурини и неговиот тренер имаат право да ја обжалат пред Судот за спортска арбитража.