Голема трагедија го обележа натпреварот во Египет помеѓу Ал Магда и Ал Зарка. Тренерот на Ал Магда, Адхам Ел-Селхедар, доживеал срцев удар славејќи го голот на својот тим.
Во моментот кога тренерот колабирал, интервенирале лекарските служби, но не успеале да го реанимираат.
Ел-Селхедар бил префрлен и во блиската болница, каде лекарите можеле само да ја констатираат неговата смрт.
Најголемиот дел од тренерската кариера, Ел-Селхадар, минал во Исмаила. Во деведесеттите години од минатиот век со овој тим ги освоил првенството и купот на Египет.