Значително намалени наградите на Мастерсот во Мајами

Значително намалени наградите на Мастерсот во Мајами

пред 4 години

Мастерсот во Мајами ќе се одржи оваа година од 22.март до 4.април. Минатата година, поради коронавирусот турнирот не се одржа.

Мечевите на Мастерсот ќе се играат пред огрганичен број на гледачи, а карантинот за учесниците нема да биде задолжителен, иако тенисерите и тенисерките ќе бидат во „меурот“. Организаторот најверојатно ќе дозволи да биде исполнет 20 отсто од капацитетот на комплексот.

Турнирот годинава ќе се оджи со значително намален награден фонд, кој ќе изнесува 3,34 милиони долари. За споредба, наградниот фонд на турнирот во 2019 година, изнесуваше 16,7 милиони долари.

Победниците ќе добијат по 300.110 долари, односно еден милион помалку од она што го заработија победниците во 2019 година, Роџер Федерер и Каролина Плишкова.

Share
Scroll to Top