Илјадници навивачи на Јунајтед на протест пред „Олд Трафорд“, го „зачадија“ и автобусот

Илјадници навивачи на Јунајтед на протест пред „Олд Трафорд“, го „зачадија“ и автобусот

пред 4 години

Манчестер јунајтед попладнево го пречекуваат Ливерпул на „Олд Трафорд“, совршена шанса за илјадници навивачи на „ѓаволите“ да се соберат пред легендарниот стадион на протест против американските сопственици, семејството Глејзер.

Анти-Глејзер движењето доби на сила меѓу навивачите последните неколку недели по неуспешниот обид да се формира Европската Суперлига. Околу 1.000 навивачи веќе протестираа минатата сабота, четири дена по повлекувањето од Суперлигата со банери на кои бараа заминување на Глејзери, а потоа следниот ден се појавија и на тренингот на тимот, каде што разговараа со менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Овојпат тие ги пречекаа и фудбалерите пред нивниот хотел во Лаури, а потоа продолжија и пред славниот стадион. Најавите велат дека ќе има најмалку 10.000 навивачи.

Share
Scroll to Top