Интер подготвува финансиска конструкција за да го донесе Салах

Интер подготвува финансиска конструкција за да го донесе Салах

пред 5 дена

Мохамед Салах, најдобриот фудбалер на Ливерпул, минатата недела, по победата над Саутемптон (3:2) во која постигна два гола, на новинарите им откри дека не добил никаква понуда за продолжување на договорот. На „Сент Мери“ стадионот разочарано им кажа на новинарите дека големи се шансите да го напушти клубот по завршувањето на сезоната.

Изјавата на Салах ги разочара навивачите на Ливерпул и го вклучи алармот кај големите клубови. Салах е еден од најдобрите во светот, плус тој без оштета може да го напушти Ливерпул.

Наводно, интерес за Салах има кај ПСЖ, Барселона и Баерн, а медиумите во Италија тврдат дека челниците на Интер веќе подготвиле конкретни чекори.

За да му понудат финансиски услови кои нема да може да ги одбие, Интер наредното лето ќе стави на продажба тројца напаѓачи, станува збор за Марко Арнаутовиќ, Хоакин Кореа и Мехди Тареми.

Share
Scroll to Top