Каков Меси! Руски третолигаш „потпиша“ со Хабиб

Каков Меси! Руски третолигаш „потпиша“ со Хабиб

пред 3 години

Рускиот третолигаш од Дагестан, Легион Динамо Махачкала најави дека го обезбедиле потписот на локалниот херој, Хабиб Нурмагомедов за да помогне во „големата битка“ во напад на Рускиот куп.

Легион го победи поранешниот прволигаш Анжи Махачкала, клубот за кој Хабиб навивал како дете, со 2:0 за да влезе во групната фаза на Рускиот куп, каде што ќе се судрат со најсилните руски клубови. Легион Динамо во петокот на Инстаграм објавија фотографија на претседателот на клубот, Шамил Лахијалов со Нурмагомедов, со договор на маса. Легион инаку се наоѓаат во групата 6 против премиерлигашот Уфа, како и локалниот ривал Аланија Владикавказ.

„Нашата Легија ја очекува голема битка, и потребни ни се големи воини. Подготвени сме да пречекаме тим од Премиер лигата на Русија заедно со Хабиб Нурмагомедов“, вели во објавата, иако не е јасно дали е потпишан негов договор.

32-годишниот Хабиб, е познат како фанатик по Реал Мадрид и пријател на Кристијано Роналдо, а неколку пати ги покажуваше своите квалитети и на фудбалскиот терен.

Хабиб тренира фудбал: Јас сум слободен агент и прифаќам понуди

Хабиб: Фудбалот е пред ММА, пријател сум со Кристијано, Златан, Бензема…

Share
Scroll to Top