Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер вели дека „црвените“ во текот на летото треба да стават крај на напаѓачката тројка Мохамед Салах, Садио Мане и Роберто Фирмино, бидејќи на клубот му е потребно „нешто поинакво“.
Пред летниот преоден рок, постојат многу шпекулации за заминувања од „Енфилд“, посебно на Мохамед Салах, иако Јирген Клоп тврди дека не се отворени за понуди. Карагер вели дека по чекорот назад оваа сезона, промени мора да има.
„Луѓето зборуваат дека напаѓачкото трио не е во форма, но тоа долго време се користи како аргумент. Најголемиот проблем на Ливерпул не е на позицијата централен бек, туку на другата страна на теренот. Знаеме дека Виргил ван Дајк и Џо Гомез ќе се вратат следната сезона. Славната тројка напред е уште тука, а и покрај бонусот со доаѓањето на Диого Жота, мора да се растурат бидејќи се предолго заедно. Секое големо напаѓачко партнерство трае околу три години и потоа одиш напред. Тука се четири-пет години и мора да се направи промена. Мора да потрошат пари“, вели Карагер.