Петра Квитова го освои ВТА турнирот во Доха. Квитова во финалето, за само 67 минути ја победи Гарбиње Мугуруса со 6:2 и 6:1.
Искусната тенисерка од Чешка, два пати направи брејк во првиот сет и поведе со 1:0.
Во вториот сет, на стартот, Мугуруса беше таа која и го одзеде сервисот на противничката. Квитова возврати со ри-брејк, а потоа со уште два брејка го заклучи мечот.
За Квитова ова беше четврто последовно финале во Доха. Во едно од нив, во 2018 година, славеше токму против Мугуруса.
Квитова сега има 28 титули во кариерата.