Кејн тренира со Тотенхем – Пеп не сака да зборува за него!

Кејн тренира со Тотенхем – Пеп не сака да зборува за него!

пред 3 години

Фудбалерот на Тотенхем, Хари Кејн тренираше со екипата и би можело да се најде во составот за утрешното дерби против шампионот Манчестер Сити во 1. коло од новата сезона во ПЛ. Иако летово главна тема кај „Спарси“ е можноста Кејн да се пресели во Сити, сепак тренерот на „петлите“ Нуно Еспирито Санто вели дека разговарал со Кејн на тренингот и „се е во ред“.

„Се подготвува. Имаме уште еден тренинг пред да одлучиме дали ќе игра против Сити“ рече тој.
Очекувањата беа дека капитенот на Тотенхем на тимот ќе му се приклучи на 2. август, на претсезонските тестирања, но наместо тоа стигна 5 дена подоцна што ги налути фановите на лондонскиот клуб.

Тие сметаат дека Кејн сака да направи притисок и да го напушти клубот, но фудбалерот демантираше.
Санто запрашан дали го убедувал Кејн утре да игра против „граѓаните“ вели:

„Немам проблеми да убедувам играчи да играат за Тотенхем. Ова е голем клуб и сите би требало да бидеме горди што сме тука“.

Во меѓувреме, на прес-конференција во Манчестер Сити, кормиларот на клубот Пеп Гвардиола одби да одговори дали постои интерес од клубот да биде доведен Хари Кејн. Минатата недела Шпанецот рече дека Сити сака да го ангажира англискиот репрезентативец.

„Одговорив на тоа прашање на претходната прес-конференција. Тој е играч на Тотенхем, нема да зборувам за него. Минатиот пат направив исклучок, обично не зборувам за трансфери“ изјави Гвардиола.

Мечот Тотенхем – Манчестер Сити се игра утре од 17.30 часот.

Share
Scroll to Top