Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, се сомнева дека Вирџил Ван Дајк и Џо Гомес ќе настапат на Европското првенство. Холанѓанецот не игра од октомври минатата година, кога се повреди на натпреварот со Евертон, додека еден месец подоцна од составот на Ливерпул отпадна и Гомез.
„Џо не трча…Вирџил почна, но навистина е тешко“, рекол Клоп.
„Јас не ја носам одлуката дали ќе играат на ЕУРО 2020, но да бидам искрен, мали се шансите дека ќе можат да настапат. Такви им се повредите, а не дека јас нема да им дозволам да играат. Се надевам дека би можеле да ме изненадат и да се појават на тимските тренинзи, но тоа се уште никој не ми го најавил“.
ЕУРО 2020 на програмата е од 11.јуни до 11.јули.