Клоп: Не ми се потребни играчи кои би останале во Ливерпул само ако се пласираме ЛШ

Клоп: Не ми се потребни играчи кои би останале во Ливерпул само ако се пласираме ЛШ

пред 2 месеци

Ливерпул, утре од 15 часот, против Фулам, ќе го бараат патот за излез од кризата. Резултатите се одраз на лошата атмосфера која владее во соблекувалната тврдат англиските медиуми. Според нив неколку играчи биле подготвени да го напуштат клубот.

На прес конференцијата пред натпреварот со Фулам, менаџерот Јирген Клоп, решил да ги коментира пишувањата на медиумите и воедно да им испрати порака на фудбалерите за кои играњето во Лигата на шампионите е услов за да останат во Ливерпул.

„Знам дека имам фудбалери кои му се верни на тимот, сигурен сум дека никој нема да дојде и да ми каже дека ќе замине доколку наредната сезона не играме во Лигата на шампионите. Тоа нема да се случи. Го познавам доволно добро, за да можам да го кажам ова“, рекол Клоп и дополнил.

„Долго време го повторувам ова. Доколку некој не сака да дојде кај нас бидејќи не може да игра во Лигата на шампионите, тогаш и не сакам да имам таков играч во тимот. Ако некој сака да замине бидејќи не може да игра во Лигата на шампионите, тогаш и таков играч не ми е потребен во тимот“.

Share
Scroll to Top