Венсан Компани во наредниот период би можел да стане тренер на Баерн Минхен, а британските медиуми пренесуваат дека тој веќе ги насочил првите засилувања за Баварците.
Белгиецот изгледа се поизвесно дека ќе го преземе тимот од Минхен следната сезона, иако испадна од Премиер лигата со Барнли. Тоа не ги спречи Баварците да му испратат понуда, а како што пишува британски „Сан“, тој веќе има една желба на списокот на засилувања. Имено, Компани со големо задоволство би го довел асот на Манчестер Сити – Џек Грилиш.
Во Минхен се убедени дека има добри шанси за потпис со англискиот офанзивец, особено што оваа сезона ја немаше улогата што ја очекуваше, туку најмногу дојде од клупата за резерви.
Грилиш би можел донекаде да ја оживее кариерата доколку потпише за Баерн, а познато е дека Англичаните во последните години оставија добар белег во Бундеслигата.