Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига

Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига

пред 2 недели

На фудбалскиот клуб Витесе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).

„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витесе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.

Витесе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.

Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.

Последен пат Витесе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.

Share
Scroll to Top