Конор Мекгрегор вели дека е подготвен за спектакуларен камбек на УФЦ 257, и не пропушти да го спомене својот стар ривал, УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, велејќи дека не го чуди што таков човек избега кога е на врвот.
Зборувајќи пред мечот со Дастин Поаире на „Островот на борбите“ во Абу Даби, тој секако беше запрашан за статусот на титулата во лесна категорија по одлуката на Хабиб веќе да не се бори, со зборовите да не го заборави „слонот во собата“.
„Ќе ви кажам нешто, тој изгледа како слон. Изгледа како мал дебел слон. Ужива во тоа. Мислам дека не успеа да стигне до тежината минатиот пат и многу сум скептичен за тоа што се случуваше на мерењето. Многу необично однесување. Како можеш да си заминеш од оваа сцена кога си шампион, не ми е јасно, но не е ниту важно. Има многу голем имечеви таму. Дури и Тони Фергусон не бегаше, а тој избега. Но, тоа воопшто не ме чуди“, вели Мекгрегор.
Ирецот посочува на мерењето на Хабиб пред пресметката со Џастин Гетџи во ноември, кога постоеја шпекулации дека едвај успеал да ја достигне потребната тежина. Тој исто така смета дека мечот со Поаире треба да е за појасот.
https://www.youtube.com/watch?v=mnFueYKI8GE