Кошаркарките немаа сили за да и парираат на Словенија

Кошаркарките немаа сили за да и парираат на Словенија

пред 2 години

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години загуби од Словенија во четврт-финалето на Европското првенство Б-Дивизија со убедливи 63:36. Избраничките на Јелена Антиќ не можеа да му парираат на подобриот противник.

Во првата четвртина, Словенките славеа со 17:4 и беше јасно дека ќе успеат да ја оправдаат фаворитската улога. Но, тоа не значи дека македонските кошаркарки достојно не го носеа националниот дрес.

Фото: Игор Паневски

 

Share
Scroll to Top