Актуелната европска шампионска, Дистриа Красничи од Косово, го освои златниот медал во џудо, во категоријата до 48 килограми. Ова е прво злато за Европа на Олимписките игри во Токио.
Красничи во финалето ја победи Јапонката Фану Тонаки, која е светска шампионка од 2017 година, и светска вице-шампионска од 2018 и 2019 година.
За Косово ова е второ олимписко злато во историјата. Пред пет години, исто така во џудо, но во категоријата до 52 килограми, најсјаното одличје го освои Мајлинда Кељменди.