Крејчикова го освои Ролан Гарос

Крејчикова го освои Ролан Гарос

пред 3 години

Чешката тенисерка Барбора Крејчикова е новата шампионка на Отвореното тениско првенство на Франција – глен слем турнирот Ролан Гарос. Таа денеска го направи најголемиот успех во кариерата откако со 2-1 ја совлада руската тенисерка Анастасија Пављученкова, или по сетови 6-1 2-6 и 6-4.

Крејчикова не беше меѓу носителките на овој турнир, моментно е 33. на ВТА листата.

Таа одигра одлично во првиот сет.

Русинката возврати во вториот сет, па победникот мораше да се одлучува во трет сет.

Тука чешката тенисерка беше посвежа, имаше повеќе концентрација и со 6-4 стигна до драгоцениот пехар.

Куриозитет е што ова за неа е само втор трофеј во професионалната кариера откако првиот пехар го освои на ВТА 250 турнир во Стразбур минатиот месец.

Share
Scroll to Top