Кристијано се прости од Јуве: Дадов срце и душа за „тифози бјанконери“

Кристијано се прости од Јуве: Дадов срце и душа за „тифози бјанконери“

пред 3 години

Кристијано Роналдо по трансферот во Манчестер јунајтед, прати порака до навивачите на Јувентус по три сезони во италијанскиот великан.

„Денеска си заминувам од фантастичен клуб, најголемиот во Италија и сигурно еден од најголемите во Европа. Го дадов моето срце и душа за Јувентус и секогаш ќе го сакам градот Торино до моите последни денови. ‘Тифози бјанконери’ секогаш ме почитуваа и се обидов да се заблагодарам за тој респект со борба во секој натпревар, во секоја сезона, секое натпреварување. На крајот, можеме да се свртиме наназад и да видиме дек аостваривме големи работи, не сите кои ги посакувавме, но напишавме убава заедничка приказна

„Juve, storia di un grande amore

Bianco che abbraccia il nero

Coro che si alza davvero

Juve per sempre sara…”

Секогаш ќе бидам еден од вас. Сега вие сте дел од мојата историја, а чувствувам дека и јас сум од вашата. Италија, Јуве, Торино, Тифози Бјанконери, секогаш ќе бидете во моето срце“, напиша Роналдо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Share
Scroll to Top