Кубо го продолжи договорот со Реал Сосиедад

Кубо го продолжи договорот со Реал Сосиедад

пред 5 месеци

Јапонскиот репрезентативец, Такефуса Кубо во понеделник го продолжи договорот со Реал Сосиедад до летото 2029 година, соопшти клубот Сан Себастијан.

„Со потпишувањето на новиот договор, 22-годишниот јапонски напаѓач ја претвори во реалност взаемната желба за заеднички напредок“, соопштија од баскискиот клуб.

Кубо во својата развојна фаза беше во програмите на Барселона и Реал Мадрид, но не успеа да се пробие во првиот тим.

Тој пристигна во Реал Сосиедад во летниот преоден рок 2022 година во трансфер вреден околу шест милиони евра, откако веќе имаше искуство со играње во шпанската Ла Лига во Мајорка, Хетафе и Виљареал.

Потоа потпиша петгодишен договор. Многу брзо тој стана еден од клучните играчи на тимот составен претежно од баскиски фудбалери. Денес вреди 60 милиони евра, според Трансфермаркт.

За18 месеци одигра 71 натпревар за Сосиедад, постигна 15 гола и забележа 13 асистенции. Реал Сосиедад не ги откри финансиските детали од новиот договор.

Share
Scroll to Top