Куман: Атмосферата во соблекувалната на Барса секогаш била позитивна

Куман: Атмосферата во соблекувалната на Барса секогаш била позитивна

пред 5 месеци

Роналд Куман инсистира дека и покрај сите проблеми во Барселона, атмосферата во соблекувалната на каталонскиот гигант секогаш била позитивна.

Барса заостануваат шест поени зад Атлетико Мадрид во Ла лига откако веќе имаат 4 порази во 12 меча под Куман, кој го замени Кике Сетиен по катастрофалниот 8:2 пораз од Баерн Минхен. Барса покрај тоа што ги загуби дерби мечевите со Атлетико и Реал Мадрид, доживеа и шокантни порази од Кадиз и Хетафе. Но, по 2:1 победата над Реал Сосиедад во средината на неделата, Куман вели дека расположението е добро.

„Секогаш сум видел само добра атмосфера и покрај поразите. Полесно е да си радосен кога победуваш, но не е клучно. Се надевам дека ќе продолжиме со динамиката која ја покажавме со Сосиедад, и сакаме да доминираме и да играме подобро од било кој тим кој е против нас. Понекогаш е полесно, понекогаш е потешко. Имаме обединета група на фудбалери“, вели Куман пред мечот со Валенсија, каде што беше кратко тренер од октомври 2007 до април 2008.

Share

AnimeDao animedao softonic: Watch The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement Episode 12

AniWatch watch animes: Watch DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 14 (https://aniwatch.pro/m/nrgQ/ep-14)

Scroll to Top