Денеска е првиот слободен ден на европското фудбалско првенство, вистински момент да биде објавен идеалниот состав по групната фаза на ЕУРО 2020.
Најдоминантна е селекцијата на Холандија, која беше во групата Ц заедно со Македонија, Австрија и Украина. Дури тројца од составот на „лалињата“ се најдоа во идеалниот тим. Топ 11-ката ја сочинуваат и двајца Белгијци, додека останатите шестмина се од различни селекции.
Ова се најдобрите 11 во групната фаза на ЕП:
Храдецки (Финска), Шо (Англија), Алаба (Австрија), Де Лихт (Холандија), Муние (Белгија), Локатели (Италија), Де Брујне (Белгија), Вајналдум (Холандија), Депај (Холандија), Шик (Чешка) и Роналдо (Португалија).
Прв стрелец досега на шампионатот е Кристијано Роналдо со 5 гола, додека на втората позиција се дури пет фудбалери со по 3 погодоци (Форсберг, Левандовски, Лукаку, Шик и Вајналдум).