Лапорта бесен поради Рафиња, Анчелоти одговори: Не ни требаат посебни барања

Лапорта бесен поради Рафиња, Анчелоти одговори: Не ни требаат посебни барања

пред 3 часа

Карло Анчелоти, ги налути челниците на Барселона, откако го повика Рафиња во националниот тим. Бразилскиот селектор немаше намера да ги прифати барања на Барселона.

Претседателот на каталонскиот клуб, Џоан Лапорта, претходно ги критикуваше репрезентативните собири поради големиот товар што им го носат на играчите, но италијанскиот стручњак сега јасно стави до знаење дека самиот ќе одлучи за играчите што му се потребни.

Рафиња е вклучен во списокот на Бразил за два пријателски натпревари против Јапонија и Сингапур, кои ќе се играат на 14 и 17 ноември.

Особено е интересно што поради овие натпревар, ќе мора да патуваат речиси 22.000 километри во двата правци.

Ова предизвика загриженост во Барселона, бидејќи бразилскиот напаѓач сè уште не достигнал оптимална физичка и натпреварувачка форма по повредата здобиена за време на претходниот репрезентативен собир.

Имено, на 29 септември, Рафиња повреди мускул за време на натпреварот на Бразил против Австралија во Бризбејн. Оттогаш, тој е во процес на враќање и сè уште не успеал да најде континуитет и да го одигра целиот натпревар.

На прес-конференцијата по објавувањето на списокот, новинарите го прашаа Анчелоти за незадоволството што Лапорта претходно го изрази поради репрезентативните обврски и повредите на играчите.

Италијанскиот стручњак прво нагласи дека Бразил има добри односи со европските клубови и дека редовно се разменуваат информации за играчите.

„Имаме добри односи со бразилските и европските клубови и разменуваме информации за играчите. Генерално, тој однос е добар“, објасни Анчелоти.

Сепак, кога станува збор за евентуални посебни барања од Барселона, тој беше многу подиректен.

„Немаме посебни барања, ниту пак ни се потребни. За време на репрезентативните паузи, ќе поканиме играчи што ги сметаме за важни за бразилската репрезентација“, рече селекторот.

Со тоа, тој јасно стави до знаење дека нема да го прилагодува составот според желбите на поединечните клубови, без оглед на тоа колку е важен нивниот играч.

Анчелоти, исто така, објасни зошто одлучил да го покани играчот на Барселона и покрај неговите проблеми со физичката подготвеност.

Бразил е во процес на подмладување на националниот тим, а тренерскиот штаб сака да ги спои младите играчи со искусни имиња кои веќе имаат важна улога во националниот тим.

„Го започнавме проектот за обнова на националниот тим и сега е идеален момент за тоа. Во септември почнавме со евалуација на група помлади играчи, а сега го продолжуваме истиот процес“, рече Анчелоти.

Тој додаде дека составил избалансиран список, во кој се вклучени 15 фудбалери под 23 години, додека девет играчи припаѓаат на генерацијата што сè уште може да настапи на Олимписките игри.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top