Лапорта: Меси чувствува дека е измамен

пред 4 години

Започна борбата за претседателската функција во еден од најпрестижните клубови во светот на фудбалот, Барселона. Извесно е дека борбата ќе ја водат Карлес Тускетс и Жоан Лапорта. Вчера Тускетс предизвика големо внимание со изјавата дека Барселона направиле грешка што не му овозможила на Лионел Меси во летниот преоден рок да го напушти клубот. Според него, клубот пропуштил шанса да заработи задоволителна сума на пари. Денес, поранешниот претседател на Барселона, Лапорта, му реплицираше на Тускетс. „Лео сака да остане во Барселона. Јас сакам тој повторно да биде среќен. Парите не се проблем, тој само сака да игра во екипа која ќе биде конкурентна со најдобрите тимови. Чувствува дека клубот го измами, тоа е неговиот проблем. Тој е победник, не може да гледа како секоја година некоја друга екипа победува во Лигата на шампионите“, рекол Лапорта и дополнил. „Последен пат имав можност да разговарам со него во октомври. Благодарен сум му за се она што го има направено за Барселона. Сакам да остане во клубот“.

Share
Scroll to Top