Арсенал рутински го мина првото коло во Англискиот лига куп, победувајќи го второлигашот Вест Бромвич Албион со 5:0 на гости, за кревање на моралот по двата порази на стартот на Премиер лигата и притисокот кон менаџерот Микел Артета.
Присуството на капитенот Пјер-Емерик Обамејанг веднаш се покажа на теренот, откако тој постигна два гола во 17. и 45. минута, пред Никола Пепе во финишот на првото полувреме да зголеми на 0:3. Талентираниот Букајо Сака во 50. минута зголеми на 0:4, пред Обамејанг да го комплетира хет-трикот во 63. минута од мечот. Александер Лаказет зголеми на 0:6 во 79. минута.
Во второто коло се и Саутемптон, кои го „прегазија“ Њупорт со 8:0, како и Барнли, кои на „Сент Џејмс Парк“ ги елиминираа Њукасл на пенали откако во регуларните 90 минути беше 0:0.
АНГЛИСКИ ЛИГА КУП, 1.КОЛО
Њукасл – Барнли 0:0, 3:4 пен.
Њупорт – Саутемптон 0:8
Вест Бромвич Албион – Арсенал 0:6