Луис Енрике: Најдобро би било ниту еден хрватски играч да не ја допира топката

Луис Енрике: Најдобро би било ниту еден хрватски играч да не ја допира топката

пред 3 години

Шпанскиот селектор Луис Енрике на прес-конференцијата пред утрешниот осминафинален натпревар против Хрватска во Копенхаген (18 часот) рече дека очекува противникот да игра повлечено на почетокот на мечот.

„Од Хрватска очекувам да го прави тоа што инаку го прават, да се повлечат на почетокот. Ќе го менуваат својот пристап во зависност од резултатот. Ако водат ќе се повлечат, ако не, високо ќе притискаат. Добро ги знаеме, игравме со нив во Лигата на нации“ вели Енрике.

Селекторот имаше свој коментар и во врска со смртните закани упатени кон Алваро Мората и неговото семејство.

„Ситуацијата е толку многу сериозна што со неа треба да се занимава полицијата. Многу сериозен проблем е кога некој ќе добие такви навреди“ смета тој.

Луис Енрике смета дека покрај Лука Модриќ, опасност ќе доаѓа и од Матео Ковачиќ.

„Најдобро би било ниту еден хрватски играч да не ја допира топката во текот на мечот, а посебно не оние со најголем квалитет. Модриќ покрај Ковачиќ се најталентираните играчи на Хрватска. Што повеќе ние ја имаме топката, толку подобро“ смета Енрике.

На прес-конференцијата беше одговорено и дека „Фуријата“ секој ден вежба изведување пенали.

Share
Scroll to Top