Манчестер јунајтед подготвиле нов договор за Рашфорд

Манчестер јунајтед подготвиле нов договор за Рашфорд

пред 4 години

Манчестер јунајтед се подготвени да му понудат нов договор на Маркус Рашфорд. Актуелниот договор на Рашфорд истекува во јуни 2023 година.

Маркус Рашфорд оваа сезона игра во голема форма, бројките го покажуваат тоа, на 20 натпревари има постигнато 12 голови. Минатата сезона на 44 натпревари, постигна 22 гола и беше еден од најзаслужните што тимот стигна до третото место во Премиер лигата.

Во Манчестер јунајтед се свесни дека интересот да Рашфорд може дополнително да се зголеми, доколку тој одигра добро на Европското првенство.

Поради тоа „црвените ѓаволи“, имат план со новиот договор значително да му ја зголеми плата. Рашфорд со актуелниот договор заработува 220.000 фунти неделно, а со новиот ќе добие зголемување од 110.000 фунти, односно неделно би заработувал 330.000 евра.

Share
Scroll to Top