Марадона ги исфрлил од тестаментот поранешната жена и двете најстари ќерки

пред 5 месеци

Весникот „Кларин“, кој на 25 ноември прв објави дека починал легендарниот фудбалер Диего Марадона, сега тврди дека тој од тестаментот ги исклучил поранешната сопруга Клаудија Виљафане и нивните две ќерки, Далма и Џанина.Марадона и Клаудија во брак беа 24 години.

Според изворот на весникот, тој неодамна, во текот на својот престој во Дубаи, решил да ги ибрише трите дами од тестаментот. Марадона, наводно, решил да ги исклучи од тестаментот откако открил дека од смеката му недостигаат 6.000.000 долари и дека останал без 458 сувенири што ги собрал во текот на кариерата. Тој тогаш ја обвинил поранешната сопруга за кражба, а целиот случај неколку години се влечеше по судовите. Поради тоа тој ја исклучил поранешната сопруга од тестаментот, а истото се случило со ќерките, оти тие во спорот решиле да застанат на страната на нивната мајка.

Оваа информација не е потврдена, иако во Аргентина на големо се пишува дека веднаш по смртта на Марадона почнала битката за неговото наследство.

Share

GoGoAnime gogoanime kissanime: Attack on Titan Season 3 Part 2 (Dub) Episode 10

WCOStream animes online: Watch Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Episode 9 (https://wcostream.cc/m/mWWe/ep-9)

Scroll to Top