Аргентинската легенда Диего Армандо Марадона остави неизбришлива трага во фудбалот, па сега дојде ред да се зборува и за трите негови најзначајни дресови во кариерата.
Најзначаен е оној кој го носеше против Англија на СП во 1986 кога го даде познатиот „Божји гол“. По мечот Марадона тој дрес му го подарил на Стив Хоџ кој во 2012 година, пак, го подарил на Националниот фудбалски музеј во Манчестер. Дресот и ден денес е таму.
Во аргентинскиот дрес Марадона играше реванш бараж против Австралија кога „Гаучосите“ го осигураа пласманот на СП 1994 година. Беше тоа последниот меч на Диего пред домашна публика, а Аргентина славеше со 1-0 и по 1-1 во првиот меч се пласираше на Мундијалот во САД.
Тој дрес се наоѓа во Куба, откако Марадона му го подари на Фидел Кастро, во 1995 година.
Maradona presents Fidel Castro with his Argentina shirt pic.twitter.com/GNcIxIQNM0
— VintageFooty (@VintageFooty) January 30, 2014
Диего го подарил и последниот дрес кој го носеше како играч на Наполи. Тогаш Наполи загуби од Сампдорија 4-1 предводена од актуелниот италијански селектор, Роберто Манчини. Кај него завршил тој дрес.