Мекгрегор донираше 500.000 долари, но не на фондацијата на Поаире

Мекгрегор донираше 500.000 долари, но не на фондацијата на Поаире

пред 4 години

Конор Мекгрегор не заборава. Ирската ММА легенда одговори на војната на зборови со Дастин Поаире околу донацијата од 500.000 долари на неговата добротворна фондација, со донација на истата сума, но на друга фондација во Луизијана.

Пред вториот меч помеѓу двајцата во јануари, кога Поаире победи со нокаут во втората рунда, Мекгрегор вети дека ќе донира половина милион долари на „Гуд фајт фондацијата“ на Поаире, но Американецот подоцна изјави дека парите никогаш не пристигнале.

Мекгрегор се налути и првично го откажа третиот меч меѓу двајцата, по што Поаире признал дека не требал да излезе во јавноста за парите.

Сега, Ирецот вели дека ќе донира половина милион долари на „Бојс енд гирлс“ клубот во Лафајет, Луизијана, а фондацијата му се заблагодари на Мекгрегор јавно.

Конор не ја дал ветената донација за Поаире, Ирецот го откажа мечот!

Share
Scroll to Top