Голманот на Челси, 29-годишниот Едуард Менди има дополнителна причина за славје по освоената титула за „сините“, но и поради фактот што вечерва во Порто неговата мрежа остана незатресена.
Со тоа тој стана рекордер во Лигата на шампионите. Ја зачува мрежата нечепната на 9 од 12 натпревари сезонава во Лигата на шампионите, нешто што не му успеало на ниеден голман претходно.
Вечерва во Порто докажа дека Петр Чех бил во право што инсистирал тој да биде ангажиран како замена на Кепа Аризабалага.
⛔ Chelsea’s Edouard Mendy has kept 9 clean sheets in 12 #UCL matches this season – no goalkeeper has kept more in a single campaign in the competition #UCLfinal pic.twitter.com/XOzupckkgc
— Sky Sports Statto (@SkySportsStatto) May 29, 2021
Трофејот во ЛШ за Менди е најголемиот во кариерата, а тој е и првиот Африканец – голман кој го кренал драгоцениот пехар.