Лионел Меси е доволно подготвен да игра во квалификациските мечеви за Светското првенство оваа недела и покрај тоа што оваа сезона има само помалку од половина час конкурентен фудбал во новиот клуб, Пари Сен-Жермен, вели селекторот, Лионел Скалони.
„Откако зборував со него, нема никакви сомнежи. Иако го нема истото време на теренот како претходно, ќе игра за Аргентина и тоа се надевам во трите мечеви“, вели Скалони пред мечот со Венецуела во Каракас.
Последен цел меч на Меси му е на 10 јули, кога беше стартер за Аргентина да го победи Бразил во финалето на Копа Америка. 34-годишниот Аргентине имаше деби за ПСЖ во неделата, кога влее во игра против Ремс (2:0) и одигра 24 минути.
Аргентинците по мечот со Венецуела, гостуваат на Бразил во реванш од финалето од Копа на 5 септември и ја пречекуваат Боливија во Буенос Аирес на 9 септември. Аргентина е втора на табелата во единствената јужноамериканска квалификациска група веднаш зад Бразил.