Кошаркарите на МЗТ, во „меурот“ во Сараево, го декласираа Ловќен со 96:55 (24:11, 25:20, 28:12, 19:12), во деветтиот натпревар, во АБА2 лигата.
Избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов, победата ја најавија уште во првиот период, кога стекнаа предност од 13 поени. На полувреме МЗТ имаше плус од 18 поени, а во последните десет минути тие влегоа разлика од 34 поени.
Со оглед на резултатот, тренерот Кочов ги користеше сите 11 кошаркари. Најефикасен беше капитенот Стојановски со 15 поени, два помалку постигнаа Гравет и Крствески.
Шестата победа, во деветтиот меч сезонава, го искачи МЗТ на второто место на табелата. МЗТ има ист скор како и Борац, Спарс и Златибор.
Фото/ABA league