Белорусија исклучена од Олимписките игри

Белорусија исклучена од Олимписките игри

пред 3 години

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), не го признава Виктор Лукашенко, синот на претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, за претседател на Олимпискиот комитет на таа земја.

Ова значи дека Белорусија, летово, нема да може да учествува на Олимписките игри во Токио.

Во соопштението се прецизира дека ИОК не го признава Лукашенко, што значи дека Белорусија е исклучена од сите активности на оваа организација, вклучувајќи ги и Олимписките игри.

Виктор Лукашенко, за претседател на Олимпискиот комитет на Белорусија е избран минатиот месец и покрај тоа што ИОК ги суспендираше синот и таткото Лукашенко.

Александар Лукашенко беше 23 години претседател на Олимпискиот комитет на Белорусија, а неговиот син до изборот на прв човек на организацијата беше потпретседател.

ИОК, во декември минатата година, ги суспендираше таткото и синот, со образложение дека тие не ги заштитиле спортистите кои учествувале во протестите во Белорусија.

Протестите во Белорусија започнаа во август 2020 година, на кои Лукашенко го освои шестиот мандат.

Share
Scroll to Top