Милик не сака во Јуве, во јануари оди во Премиер лигата?

Милик не сака во Јуве, во јануари оди во Премиер лигата?

пред 4 години

Аркадијуш Милик не е подготвен да чека трансфер како слободен играч во Јувентус на крајот на сезоната и сака да го напушти Наполи уште во јануари со Тотенхем и Евертон како најзаинтересирани клубови, тврди „Калчомеркато“.

Се веруваше дека Милик уште во текот на летото склучил договор да ги чека Јувентус следната година, но откако пропадна трансферот во текот на летото, тој беше „исклучен“ од тимот од Неапол и јасно му беше кажано дека до јануари нема да има мечеви за него.

Поради ова, 26-годишниот напаѓач кој постигна 48 гола во 122 меча за Наполи откако дојде од Ајакс во 2016 година, сака веќе во јануари да најде нов клуб, со премиерлигашите како финансиски најмоќни опции.

Share
Scroll to Top