Членот на младата репрезентација на Македонија, Марко Симуновиќ, го продолжил договорот со Партизан. Славниот српски клуб, информацијата дека Симуновиќ го продолжил договорот, ја обајави на социјалните мрежи, без притоа да наведе на колку години е потпишан новиот договор.
Младиот Македонец, на теренот, може да ги покрива двете позиции на десната страна.
Симуновиќ е роден на 10.април 2000 година, потекнува од школата на Вардар, а во младинските категории на Партизан се преселил во 2015 година. Неколку месеци во 2017 година бил на позајмица во Португалија, во Сетубал, а последните години настапува во филијалата на Партизан, Телеоптик.
➡️ Marko Simonović 2000 godiste.
⚽ Reprezentativac Severne Makedonije U-21 je danas produžio ugovor sa #FKPartizan i preostali deo sezone nastavlja sa nastupima u FK Teleoptik. pic.twitter.com/PHixFlkJ4d
— FK Partizan (@FKPartizanBG) February 5, 2021