Надал: Да, Иванишевиќ беше малку арогантен

Надал: Да, Иванишевиќ беше малку арогантен

пред 4 години

Рафаел Надал го нарече тренерот на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ „малку арогантен“, откако Хрватот пред финалето на Ролан Гарос изјави дека нема теорија Надал да го победи светскиот број 1.

Хрватот Иванишевиќ, кој не беше на турнирот со Ѓоковиќ, сметајќи на постуденото време и новите топчиња на „Вилсон“, сметаше дека форхендот на Надал нема да функционира, и изјави доверба дека Ѓоковиќ лесно ќе го добие.  Наместо тоа, Надал го „уништи“ Ѓоковиќ во три сета, дури освојувајќи го првиот со 6:0.

Неговиот тренер Карлос Моја беше иритиран од изјавата на Иванишевиќ, и Надал признава дека таа изјава била „малку арогантна“, но вели дека воошто не добил мотивација од неа, бидејќи не ја слушнал пред мечот.

„Тоа беше помалку арогантно од Горан. Но, во основа беше во право, условите повеќе му одговараа на Новак. Мотивација? Не, воопшто. Се колнам дека не слушнав што кажа Иванишевиќ пред финалето“, објаснува Надал во интервју за весникот „Ла резистенсија“.

Иванишевиќ во свој стил: Рафа нема шанси против Ѓоковиќ

Share
Scroll to Top