На Сампдорија во луд финиш им беше поништен гол во 96. минута за нов пораз

На Сампдорија во луд финиш им беше поништен гол во 96. минута за нов пораз

пред 2 години

Сампдорија на Дејан Станковиќ мораше да се помири со уште еден пораз, губејќи со 1:0 на гостувањето кај Емполи, но, сигурно во Италија долго ќе се зборува и пишува за контроверзниот финиш на мечот во кој по долга ВАР-проверка им беше поништен израмнувачкиот гол во 96. минута од мечот.

Домаќините водеа од 55. минута преку голот на Нигериецот Тајрон Ебуехи, кој по еден корнер беше највисок во скокот. Емполи ја одржуваа оваа предност до финишот на мечот, кога во очен обид да се вратат, дури и голманот на Самп, Емил Адуеро беше во шестнаесетникот. Топката некако успеа да влезе во голот по асистенцијата на Адуеро, но потоа следуваше драматичен финиш, додека судијата да ја прегледа ВАР снимката и да оцени дека имало играње со рака од Филип Ѓуричиќ, кој доби и жолт картон.

Со трите поени, Емполи се искачуваат на 12. место на табелата со 22 поени, додека Сампдорија, која официјално е на продажба, продолжува со мизерната серија резултати и под Дејан Станковиќ – тие се на претпоследното место на табелата со само 9 поени, дури 8 зад безбедната зона во Серија А.


Standings provided by Sofascore

Share
Scroll to Top