Неславен рекорд на Оле Гунар Солскјер

Неславен рекорд на Оле Гунар Солскјер

пред 4 години

Оле Гунар Солскјер е тренер со најлош учинок на клупата на англиски клуб, во историјата на Лигата на шампионите. Солскјер, го предводел Јунајтед на десет натпревари во ЛШ, забележал дури шест порази.

Манчестер јунајтед, синоќа во Лајпциг, го заврши своето учество во Лигата на шампионите, сезоната „црвените ѓаволи“ ќе ја продолжат во Лига Европа.

Поразот во Лајпциг (3:2), беше шести за Солскјер, во десетте натпревари, под водство на Норвежанецот во Лигата на шампионите. Ниту еден тренер на англиски клуб нема толку лош учинок во Лигата на шампионите.

Јунајтед со Солскјер победиле на четири натпревари: два пати во годити против ПСЖ, Лајпциг и Башакшехир. Во исто време „црвените ѓаволи“ доживеале шест порази: два пати од Барселона и ПСЖ (на Олд Трафорд), односно од Башакшехир и Лајпциг.

Во овие десет натпревари гол-разликата на јунајтед е 18:17.

Share
Scroll to Top