Не ги почитувал корона протоколите – Клубот му врачи отказ

Не ги почитувал корона протоколите – Клубот му врачи отказ

пред 4 месеци

Фудбалскиот клуб Остенде му врачи отказ на резервниот голман Фабрис Ондоa. 24-годишниот голман од Камерун и покрај забраната која важи во Белгија, организирал забава во својот дом.

На забавата имало повеќе од десет лица, кои вербално ги навредувале полицајците. Полицајците кои ја растуриле забавата напишале 11 пријави.

„Како клуб не можеме да толерираме себично и неодговорно однесување“, рекол извршниот претседател на Остенде, Гутие Ганаје.

„Ние секогаш на нашите играчи им укажуваме на нивните должности, а тие се одговорни за тоа како се однесуваат. Корона-протиколите мора да се почитуваат. Клубот е над секој поединец, бевме присилени да го отпуштиме фудбалерот“, дополнил Ганаје.

Ондоa во Остенде пристигнал во 2018 година од вториот тим на Севилја. Во кариерата настапил на 44 натпревари за репрезентацијата на Камерун.

Share

AniWatch aniwatch me: Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? (https://aniwatch.pro/m/eMMz) Episode 12

AnimeFreak animefreak chatango: Watch Naruto (Dub) Episode 24 (https://animefreak.ws/m/AW3/ep-24)

Scroll to Top