Не му се допаѓа времето во Англија – Алварез сака да си замине од Манчестер сити

Не му се допаѓа времето во Англија – Алварез сака да си замине од Манчестер сити

пред 4 месеци

Хулијан Алварез сака да го напушти Манчестер сити. Аргентинецот својата одлука му ја соопштил на менаџерот Пеп Гвардиола.

Сем Ли, новинар која за „Атлетик“ ги следи случувањата во Манчестер сити, во својот текст пишува кои се причините за незадоволството на Алварез.

Според Ли, две причини се клучни. Првата е разбирлива, не сака да му биде резерва на на Ерлинг Халанд, бидејќи и самиот знае дека Гвардиола не може да му гарантира повеќе минути на теренот.

Втората е помалку бизарна и ги налути навивачите на „граѓаните“.Имено, на Алварез и неговата девојка преку глава им било од студеното време во Англија и сакаат да се преселат на некое потопло место.

„Трансфермаркт“ го цени Алварез на 90 милиони евра, а Ли има информации дека Манчестер сити би го продал напаѓачот за приближно 80 милиони евра. Тој има договор до летото 2028 година, а според него заработува нешто повеќе од пет милиони фунти годишно.

На почетокот на преодниот рок Атлетико Мадрид испрати понуда до Сити за Алварез, но според медиумите во меѓувреме „јорганџиите“ се повлекле од трката за неговиот потпис. Наводно сериозен интерс за Аргентинецот покажува ПСЖ.

Share
Scroll to Top