Нова победа за Ал-Атијах, Петерхансел на една етапа од титулата

Нова победа за Ал-Атијах, Петерхансел на една етапа од титулата

пред 4 години

Катарецот Насер Ал-Атијах со својата Тојота стигна до победа на 11-тата, претпоследна етапа на Дакар релито 2021 во Саудиска Арабија, но тоа може да не биде доволно за победа во генерален пласман, бидејќи неговиот ривал, Стефан Петерхансел заостана само 1:56 зад него, додека трет беше Карлос Саинс со 2:26 заостанување.

Петерхансел е на чекор до својата 14-та титула од Дакар релито, бидејќи пред последната етапа има 15:05 предност пред Ал-Атијах, и освен ако не му се случи посериозен механички дефект, 55-годишниот Французин ќе стигне до првиот трофеј од 2017 година.

Претпоследната етапа на Дакар 2021 од Ал Ула до Јанбу требаше да биде последен тежок тест за натпреварувачите, но организаторите решија да ја скратат етапата од 557 километри на 464 километри поради лошото време во областа, и песочните ветришта кои ја покриле патеката по која требаше да се движат натпреварувачите.

Кај мотоциклите, пред последната етапа, Британецот Сем Сандерленд (КТМ) успеа да скрати голем дел од предноста на лидерот, Аргентинецот Кевин Бенавидес (Хонда) и сега ги делат само 4 минути.

Сандерленд ја оствари првата етапна победа, преземајќи ја контролата на трката по 215 километри и направи предност од 2:40 пред Пабло Квинтанилја (Хускварна). Бенавидес беше трет најбрз, заостанувајќи 6:24 секунди за да остане со 4:12 пред последната етапа. Надежите на Американецот Рики Бребек дека ќе ја одбрани титулата беа уништени, откако загуби 6 минути од Бенавидес и речиси 13 од Сандерленд и сега во последната етапа влеува со 7:13 заостанување зад лидерот.

Share
Scroll to Top