Облак објасни зошто е невозможно да се игра против Меси

Облак објасни зошто е невозможно да се игра против Меси

пред 6 месеци

Јан Облак, еден од најдобрите голмани во светот, за „Скај Спорт“, од прва рака објаснил колку е тешко да се игра против Лионел Меси. Аргентинецот, синоќа, го постигна 644 гол за Барселона.

„Тој сè гледа. Не го покажува тоа, не се забележува дека тоа е така, но тој сè гледа. Ако направам чекор на една страна, тој ќе го регистрира тоа и ќе шутира во другиот агол. Цело време те гледа. Очите му се на топката, но точно знае што правиш“, рекол Словенецот и продолжил.

„Премногу голови сум примил од него. Сметам дека тој е најдобриот играч во светот. Многу пати сум примил гол од него, а да не сум бил свесен што направил. Воопшто не можеш да разбереш што направил, не си бил ни блиску да му одбраниш. Некогаш делува како воопшто да не ја шутнал топката, туку само ја проследил во голот. Имало натпревари кога не играл добро, кога ти делува дека твојот тим има сè под контрола. Незабележителен е и потоа од ништо ќе постигне гол“.

Ниту еден од најдобрите тренери во светот, Диего Симеоне, многу пати не успаел да најде начин Атлетико да се одбрани од Меси.

„Ние голманите често викаме им помагаме на дефанзивците како да се постават, но кога играш против него едноставно ништо не помага. Тактички не можеш да се поставиш бидејќи не знаеш што ќе направи. Ако стоиш блиску ќе те издрибла, ако стои далеку ќе шутира. Невозможно е да го сопреш“, рекол Облак.

Share

AnimeTV online anime tv: Watch Tokyo Ghoul Episode 5 (https://animetv.cc/m/Eyl/ep-5)

WCOStream dubbed anime: Watch My Hero Academia 3 Episode 16 (https://wcostream.cc/m/L904/ep-16)

Scroll to Top