Барселона во наредниот период ќе биде без двајца важни играчи. Во поразот од Баерн (0:3), се повредиле Жорди Алба и Педри. овие двајца на листата на повредени играчи им се приклучија на Усман Дембеле, Ансу Фати, Мартин Брејтвајт и Серхио Агуеро.
Жорди Алба го повредил бутниот мускул. Според прогнозите тој ќе паузира еден месец.
Барселона ќе биде без Педри најмалку две недели. 18-годишниот играч од редот за врска го повредил квадрицепсот.
До крајот на септември, Барселона ќе игра против Гранада, Кадиз и Леванте во Примера, односно против Бенфика во Лигата на шампионите.